Печати

Работилница за проектот „Иницијатива на младите“

Screenshot 1Од  5-ти до 9-ти септември 2011 година во Германската читалница се одржа работилница на тема „Развој на проект и негово спроведување во контекст на македонско-германската културна размена“. Целта на работилницата беше младите луѓе од Македонија да бидат запознаени со културната соработка помеѓу Република Македонија и СР Германија, како и со првите чекори за развој и имплементација на проекти од областа на културата. Притоа, се дискутираше за проектите на македонско-германската културна соработка, се развиваа и формулираа конкретни идеи за проекти, а се разгледуваа и општи прашања околу управувањето со проекти од моментот на поднесување на проект до негова имплементација. За време на целиот период, додека траеше работилницата, се разработи еден конкретен проект, кој се реализираше во 2012 година. Концептот на работилницата се базираше на дијалог, интеракција, општ процес на бура на идеи и активна тимска работа.

Печати

Промоција на германско-македонската книга на културни настани за 2010

promocija kniga 2011На 23.6.2011 година во Германската читалница се одржа промоцијата на третото издание на Германско македонската книга на културни настани за 2010 година, која е во издание на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје, со поддршка на Гете-институт, Канцеларија за врски од Скопје. Оваа книга претставува не само хронолошки приказ на германско-македонската соработка во областа на културата во една календарска година, туку, уште повеќе, сведоштво за континуитетот и разновидноста на таа соработка и бележник за нејзиното развивање и  растење од година в година.

Печати

Средба на Македонско - германските друштва од Берлин и од Скопје

Во февруари 2011 година се одржа средба во Берлин помеѓу претставниците на здружението Друштво за македонско - германско пријателство и соработка  и Германско - македонското друштво од Берлин. На овој настан се сретнаа и повеќе германски и македонски уметници на што следеше дискусија и  отворањето на изложбата „Портрет Скопје“, заеднички проект на десет фотографи од Македонија и Германија.

Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 35 гости и нема членови