Предновогодишна средба на членови

Почитувани членови и пријатели,

Задоволство ни е да Ве поканиме на предновогодишна средба на членовите на ЗДМГПС во среда на 25 декември.

Времето и локацијата ќе останат исти како на нашите редовни Stammtisch средби: локал Плаза дел Торос (кеј на Вардар) со почеток во 20:00 часот.

Со оглед на тоа што претходниот месец немавме можност да организираме Stammtisch, ова ќе биде прилика да продискутираме за активностите од годината што изминува како и за годината што следи, да се подружиме, а воедно и да го одбележиме и Божиќ кој на овој датум се прославува во Германија.

Се радуваме на Вашето присуство

Пријателски поздрав

Извршен одбор на ЗДМГПС

Зачленете се за Новости