Покана за ГОДИШНО СОБРАНИЕ 2014 со мала јубилејна прослава

Почитувани членови и пријатели на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка Скопје, ЗДМГПС со големо задоволство Ви најавува дека на 20.02.2014 (четврток) со почеток во 17:30 часот ќе го одржи своето ГОДИШНО СОБРАНИЕ.
Годинава одбележуваме 20 години од нашето основање и по тој повод ќе организираме еден мал коктел со почеток во 19:00 часот. Поканети се претставници од Германската Амбасада како и Гете Институтот.
Особено ќе ни биде задоволство да ги поканиме долгогодишните членови на Друштвото кои уште од своето основање во голема мера придонеле и сеуште придонесуваат за неговиот развој и јакнење на македонско-германското пријателство.
Со пријателски поздрав
Извршен одбор на ЗДМГПС

Зачленете се за Новости