Автофикција од Германија – Лена Шете во Скопје

На 12 септември во кафе-бар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на нејзиниот роман „Црните дланки на татко ми“, кој неодамна излезе на македонски јазик во издание на „Илика“. Во разговорот со авторката и преведувачката на романот Катерина Шекутковска, модериран од поетесата и преведувачка Александра Спасеска, ќе имате можност поблиску да се запознаете со специфичното автофикциско писмо на Шете, во кое личната биографија и имагинацијата се преплетуваат во приказната за едно сиромашно семејство во германската провинција.

Добредојдовте на веб страницата на ЗДМГПС

Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

Актуелни Настани

Претходни Настани

Корисни Линкови