КУРСЕВИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ДРУШТВОТО

Почитувани членови и пријатели,

ЗДМГПС со задоволство Ви најавува дека ќе стипендира 15 свои членови кои имаат интерес во изучување на германскиот јазик.

Оваа година поддршката на ЗДМГПС изнесува:

Покривање на две третини од сумата за едносеместрален курс по германски јазик во Центарот за Странски Јазици:

Курсевите ќе започнат од септември, а ќе завршат на почетокот на февруари, обемот на курсот ќе биде два пати неделно со блок часови. Стандардната цена е 10.500 денари, од кои ЗДМГПС ќе покрива 7.000, а сумата за кофинансирање од Ваша страна ќе биде 3.500 денари која ќе може да ја платите во Центарот на две месечни рати во текот на семестарот од по 1.750 денари.

За се останато (книги, материјали, термини и сл.) важат правилата на ЦСЈ како за сите останати нивни курсеви.

Услови за аплицирање:

Да сте (или станете) активен член на ЗДМГПС за 2014 година.

Да сте заинтересирани за изучување на германскиот јазик и култура

Сите што сте заинтересирани Ве молиме испратете ни ги следниве податоци:

-Име и презиме
-Датум на раѓање
-Професија
-Степен на познавање на германскиот јазик
-Неколку реченици (околу половина страна) во кои ќе ги наведете накратко причините и мотивите за тоа зошто сакате да го учите германскиот.

најдоцна до 1. Јуни 2014.

Предност ќе имаат кандидатите кои веќе имаат некакви познавања на германскиот јазик

Пријателски поздрав
ЗДМГПС

Зачленете се за Новости