Грегор Хилден Бенд на Блуз и соул фестивалот во Скопје

На 4. и 5. јули 2011 година се одржа Блуз и соул фестивалот во Скопје на кој како гостин на Скопско лето и на Германската амбасада беше „Грегор Хилден бенд“. Бендот на Грегор Хилден (гитара), Томас Хуфшмид (пијано), Јохен Веле (тапани) и Саша Енинг (бас) настапи во Универзална сала заедно со симпатичната соул пејачка Хериет […]

Алијаж квинтет

На 17.8.2011 година, во рамките на Охридско лето, во црквата Света Софија настапи Алијаж квинтетот и на оваа необична и чудесна сцена ја маѓепса публиката со извонредни дела, меѓу кои „Шехерезада“ од Римски-Корсаков, „Оревокршачка“ од Чајковски и „Танцот на сабјите“ од Хачатуријан. Покрај Јанг Јун Бае, на клавир, настапија четворица талентирани музичари на саксофони со […]

Им:про – култура на изведување 2

impro

Работилница за импровизациски театар со учесници од Скопје, Приштина и Тетово Проект на Ксенија Чочкова (Центар за драмски уметности Т- Хаус Скопје), Вибке Штадлер (Невладина организација Контрапункт Скопје), Зилке Витинг (Центар за балканска соработка ЛОЈА, Тетово) и Лучија Цимерман (Кендра Мултимедија, Приштина). „Култура на изведување” е заеднички проект на четири организации од Косово и Македонија, […]

Неми филмови од француската авангарда

Неми филмови од француската авангарда со музика во живо од Уве Оберг (пијано) и Ули Бетхер (eлектроника) Германско-француски проект во рамките на Европските денови на немиот филм во Скопје Гете-институт, Канцеларија за врски во Скопје, во соработка со Францускиот културен Центар “Жан Моне“ и Кинотеката на Македонија, во рамките на Европските денови на немиот филм […]

Астер Фест

Режисерката Билјана Гарванлиева, која потекнува од Македонија, а живее во Германија, со учество на Амбасадата, на 28.5. 2011 година на Астер Фест прикажа три свои документарни филмови. Во средиштето на нејзината работа честопати стојат силни жени – индивидуалци, борци, кои и покрај општествените и политичките рестрикции одат цврсто по својот пат кон целта.

7-ми фестивал на новиот германски филм

Фестивалот на новиот германски филм, кој стана незаобиколен дел кога станува збор за овдешниот свет на киното, во 2011 година по седми пат ги отвори портите, или подобро речено, кино салите. Мотото на фестивалот беше градот Берлин и го сочинуваше јадрото на редица документарни филмови. Во филмот „Neukölln Unlimited“ беше ставен под лупа денешениот Берлин. […]

Наградени документарни филмови на Билјана Гарванлиева

biljana

Германско-македонската режисерка Билјана Гарванлиева, преку нејзините документарни филмови на впечатлив начин ја отсликува македонската реалност и тешките економски услови кои се нејзин неизбежен дел, но истовремено сведочи за креативноста, силата и храброста на нејзините протагонисти, да се соочат со тие услови и да го извлечат најдоброто од нив, притоа не откажувајќи се од нивните соништа […]

Слепа точка, Скопје

slepatocka

Изложба и видео проект со интернационалната уметничка група Камеракартел Проект на Вибке Штадлер, културен менаџер од Невладината организација Контрапункт, Скопје, Македонија. СЛЕПА ТОЧКА СКОПЈЕ беше замислен како привремена платформа во Скопје од страна на Марте Кислинг, Штефани Сара Лауке, Ванеса Ника Милер и Вибке Штадлер. Проектот беше организиран како настан поделен на три меѓусебно поврзани […]

Револвер

revolver

Ново германско кино Во текот на четири дена, од 8 до 11 април 2011 година во Кинотека на Македонија се прикажаа филмови, остварувања на редакцискиот тим на списанието „Револвер“, како и „Чистиот копнеж“ на Валеска Гризбах, кој спаѓа во филмовите од „Берлинското училиште“ и „Новел вог Алеманде“, а сето ова беше придружено со дискусии и […]

Промоција – културни настани за 2010

zdruzeni

Промоција на германско-македонската книга на културни настани за 2010 На 23.6.2011 година во Германската читалница се одржа промоцијата на третото издание на Германско-македонската книга на културни настани за 2010 година, која е во издание на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје, со поддршка на Гете-институт, Канцеларија за врски од Скопје. Оваа книга претставува не […]