Наградени документарни филмови на Билјана Гарванлиева

biljana

Германско-македонската режисерка Билјана Гарванлиева, преку нејзините документарни филмови на впечатлив начин ја отсликува македонската реалност и тешките економски услови кои се нејзин неизбежен дел, но истовремено сведочи за креативноста, силата и храброста на нејзините протагонисти, да се соочат со тие услови и да го извлечат најдоброто од нив, притоа не откажувајќи се од нивните соништа и надежи. Филмската проекција и работилницата се одржаа во Кинотека на Македонија, ЕСРА на 7. и 8. март 2011 година. Работилницата беше наменета за студенти по филм и млади режисери на тема „Драматургијата во документарниот филм“ – од едноставна идеја до успешен документарен филм.

Зачленете се за Новости