7-ми фестивал на новиот германски филм

Фестивалот на новиот германски филм, кој стана незаобиколен дел кога станува збор за овдешниот свет на киното, во 2011 година по седми пат ги отвори портите, или подобро речено, кино салите.
Мотото на фестивалот беше градот Берлин и го сочинуваше јадрото на редица документарни филмови. Во филмот „Neukölln Unlimited“ беше ставен под лупа денешениот Берлин. Во двата документарци „Светлата на Берлин“ и „Трагата на мечките“, градот е прикажан од неговата историска страна – во едниот станува збор за историјата на уличното осветлување на германскиот главен град, во вториот за развојот на познатиот фимски фестивал „Берлинале”.
Репертоарот на прикажаните играни филмови беше многу разновиден. Од комедии, преку биографскиот филм „Гете!“, па сè до драми. На отворањето беше прикажан добитникот на Германската филмска награда за 2011 година, патувачкиот филм „Винсент го сака морето”. Патувањето на тројца млади луѓе, кои бегаат од психијатриската клиника и со украдениот автомобил на директорката на клиниката се упатуваат на пат кон морето е претставено на трагикомичен начин.
Филмовите прикажани во Скопје  и уште во шест други градови привлекоа интересот околу 7000 посетители, 4000 повеќе од претходната година.

Зачленете се за Новости