На 12 септември во кафе-бар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на нејзиниот роман „Црните дланки на татко ми“, кој неодамна излезе на македонски јазик во издание на „Илика“. Во разговорот со авторката и преведувачката на романот Катерина Шекутковска, модериран од поетесата и преведувачка Александра Спасеска, ќе имате можност поблиску да се запознаете со специфичното автофикциско писмо на Шете, во кое личната биографија и имагинацијата се преплетуваат во приказната за едно сиромашно семејство во германската провинција.
Со особена радост најавуваме и работилница за автофикција, која ќе се одржи на 13 септември од 11:00 до 14:00 часот во „Лабораториум“, под водство на Лена Шете. Авторката има завршено „Книжевно пишување“ на Германскиот институт за литература во Лајпциг и долгогодишно искуство како менторка на работилници за креативно пишување. Бројот на учесници е ограничен, па Ве замолуваме да го пријавите вашето присуство на ilika.publishing.shop@gmail.
Настаните ќе се одвиваат на англиски јазик.





