Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,
Со голема радост Ве покануваме на концертот „Вечер на германски ремек-дела”
Датум: понеделник, 11 мај 2026 година
Време: 20:00 часот
Место: Музеј на македонската борба
Со поддршка на Институтот „Гете“ и Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Скопје, и оваа година, во рамките на 49. издание на фестивалот „Денови на македонската музика“, ќе настапат:
Ева Живковска – сопрано
Марија Вршкова – пијано
Климент Тодоровски – виолина
Ќе ни биде особена чест и задоволство доколку присуствувате на овој исклучителен музички настан и уживате во делата на: Карл Мариа фон Вебер, Рихард Штраус, Франц Шуберт, Јохан Себастиан Бах и други




