de:sonanz 2011

de:sonanz 2011

Фестивал за електронска музика и медиумска уметност

Третото издание на de:sonanz – фестивал за електронска музика и медиумска уметност на 30.9., 1.10, 2.10. и 8.10.2011 година на македонската публика `и ги доближи современите тенденции во електронската музика, импровизацијата и видео – уметноста преку настапите на реномирани артисти од Германија, Норвешка, Унгарија, од земјата и регионот.

На ова фестивалско издание беа култните „Маус он Марс“ со нивните многуслојни еклектични хармонии и атмосфери, микросветовите на Изолее, скриени под искривени текстури, ритмичната елеганција на Роман Флигел.  Schneider TM ја долови урбаната берлинска атмосфера преку неговите Construction Sounds, визуелно „мапирани“ од познатиот медиумски уметник и предавач Лилеван.

Зачленете се за Новости