Режисерката Билјана Гарванлиева, која потекнува од Македонија, а живее во Германија, со учество на Амбасадата, на 28.5. 2011 година на Астер Фест прикажа три свои документарни филмови. Во средиштето на нејзината работа честопати стојат силни жени – индивидуалци, борци, кои и покрај општествените и политичките рестрикции одат цврсто по својот пат кон целта.