Драги пријатели, драги љубители на филмот,
Пристигна есента, а со неа и времето за новото деветто издание на Фестивалот на новиот германски филм во Македонија. Свеченото отворање на Фестивалот во Скопје ќе се одржи на 10.10.2013 во 20.00 часот во киното „Милениум“, а од 11.10. до 16.10.2013 година проекциите ќе продолжат во киното „Фросина” во МКЦ.
Ден по отворањето, на 11.10.2013, Фестивалот ја започнува турнејата низ Македонија. Првата станица e Тетово, на 14 октомври новиот деветти град Куманово. Следат Прилеп, Битола, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес.
Во прилог ќе ја најдете нашата брошура со детални податоци за сите проекции во секој град.
Информации: www.skopje.diplo.de <http://www.skopje.diplo.de/> или www.fngf.mk или на Facebook.
Се радуваме на Вашата посета и се надеваме дека ќе уживате во најновите германски филмови кои со љубов ги одбравме за Вас.