Почитувани членови и пријатели на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка Скопје,
Во 2025 година се одбележуваат 150 години од раѓањето и 70 години од смртта на Томас Ман.
По тој повод, Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка Скопје, заедно со Гете-институт Скопје, го овозможија преводот и објавувањето на драмата „Фјоренца“ од Томас Ман на македонски јазик.
Преводот е изработен од Катерина Шекутковска, а издавач е Перун Артис, Битола.
Во среда, на 26.11.2025, во чест на овој јубилеј и на споменатото дело, ќе биде прикажана театарска изведба од независната театарска група „Златен Елец“.
Датум: 26.11.2025
Време: 16:00–17:45 часот
Локација: Кинотека на Македонија, Скопје
Претставата е овозможена со поддршка на Гете-институт Скопје.
Би ни претставувало особена чест и задоволство да дојдете на настанот.




