На 3. и 4. јуни во Скопје и Битола гостуваше концертното дуо од Карлсруе, составено од пијанистката Дагмар Хартман и челистот Рајнхард Армледер. Двајцата успешни музичари, кои се постојано на турнеи низ целиот свет, со класичен концерт имаа свое деби во Македонија, пришто ја одушевија публиката со дела од Шопен до Мануел де Фаља и ги изненадија посетителите со едно дело од македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, кој и самиот присуствуваше на концертот во Скопје
Двата настапи беа организирани во соработка на Амбасадата на Германија во Скопје и Дирекцијата за култура и уметност (Скопско лето), Музејот на град Скопје и Центарот за култура од Битола, а во двата града наидоа на голем одзив кај публиката.
Успешното концертно дуо од Карлсруе постои од 1997 година и не е активно само во странство. Дагмар Хартман и Рајнхард Армледер и одржуваат мастер часови и се добитници на повеќе награди.