ARTE – разговор со Никола Маџиров и Миле Стојиќ
Изданието „Das Wagnis der Erinnerung“ („Да се осмелиме да се сетиме“) на литературното списание „Die Horen“ и истоимената веб-страна беа објавени и тоа претставува заеднички проект на списанието и на Гете-институтите во Југоисточна Европа. Меѓу реномираните реномирани автори од 10 земји, кои учествуваа со свои текстови, е и добитничката на Нобеловата награда Херта Милер.
Од Македонија, со свои литературни есеи и песни во проектот беа вклучени Јасна Котеска и Никола Маџиров.
На веб-страната Да се осмелиме да се сетиме можат да се најдат сите текстови од изданието во оригинал и во превод на сите јазици од Југоисточна Европа, како и на германски и англиски јазик. Покрај биографските податоци за авторите и нивните преведувачи на оваа веб-страна може да се најдат и други интерактивни понуди, а корисниците имаат можност да слушнат извадоци од литературните творби и да го видат календарот со настани поврзани со проектот.