Во едно современо општество, библиотеките се воспитно-образовни центри за младата популација, но пред сѐ и над сѐ нивна задача е евидентирање, чување и заштита на резултатите од „интелектуалната продукција“ на човековиот ум. Но, својата улога не можат да ја извршуваат доколку нивното функционирање не е поддржано со современата информациска и комуникациска технологија. Информациската технологија предизвика радикални промени во сценариото за библиотеките. Во библиотеките покрај другата некнижна граѓа влезе во фондовите и Онлајн-граѓата. На светско ниво електронската книга се појавува во библиотеките на различни начини, на пример со дигитализација на стари наслови, во соработка со издавачите и книжарите, па се до популарни комерцијални платформи кои соработуваат со библиотеките. Многу малку, пак се говори за зајмување на е-книги поради проблематиката со авторските права кој се однесуваат на нив. Кај зајмувањето на е-книгите веќе со години има правна празнина, со тоа што понудата на библиотеките значително е ограничена. Тоа би требало веќе да се промени.
Предавањето првенствено ќе се фокусира на тековните проблеми кои во законската рамка спречуваат сите е-книги што се достапни на пазарот да бидат „позајмени“ од библиотеките.
Покрај ова ќе бидат одговорени и следниве прашања:
- Што е точно EBLIDA?
и
- Која е позадината на кампањите Право на е-читање во Германија и Европа?
- http://www.eblida.org/e-read/home-campaign/; https://www.bibliotheksverband.de/dbv/kampagnen-und-aktionstage/e-medien-in-der-bibliothek.html
Предавач: Клаус Петер Бетгер