Go Green „Одиме кон зелено: Библиотеки како двигатели за одржлив развој: згради, менаџмент, проекти и услуги

Друштвото за македонско германско пријателство и соработка заедно со НУБ-Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје а со поддршка од Германската амбасада во Скопје организираат тридневна работилницата Go Green „Одиме кон зелено: Библиотеки како двигатели за одржлив развој: згради, менаџмент, проекти и услуги“.

Тридневната сертифицирана работилница ќе се одржи од 5 до 7 ноември 2024 година во Центарот за конференции и студии при НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје, а ќе биде насочена кон ИФЛА/ЕНСУЛИБ, германско говорно зелено библиотечно вмрежување и улогата на библиотеките во постигнување на целите за одржливост од Агендата 2030 на Обединетите нации. Работен јазик на работилницата е англиски јазик.

Обуката ќе ја води професорката Петра Хауке од Германија, Секретар во ИФЛА/ЕНСУЛИБ, вонреден професор на Институтот за библиотекарство и информатика при Универзитетот Хумболт во Берлин, Германија, како и член на Германската мрежа на зелени библиотеки. Таа ќе го претстави концептот на зелени библиотеки, водечките принципи на тоа што претставува зелена библиотека, и како да се премине кон зелена библиотека во согласност со вредностите на ЕУ во однос на прашањата за животната средина и климатските промени.

Овој курс е наменет за библиотекари и претставници на други локални библиотеки ширум државата, како и НВО кои работат во областа на екологијата и одржливиот развој.

Наша цел е да ги стекнеме вештините и искуствата потребни за создавање здрава и одржлива зелена библиотека!

Зачленете се за Новости