Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Покана за филмски фестивал

Драги пријатели, драги љубители на филмот,
 
Пристигна есента, а со неа и времето за новото деветто издание на Фестивалот на новиот германски филм во Македонија. Свеченото отворање на Фестивалот во Скопје ќе се одржи на 10.10.2013 во 20.00 часот во киното „Милениум“, а од 11.10. до 16.10.2013 година проекциите ќе продолжат во киното „Фросина” во МКЦ.
 
Ден по отворањето, на 11.10.2013, Фестивалот ја започнува турнејата низ Македонија. Првата станица e Тетово, на 14 октомври новиот деветти град Куманово. Следат Прилеп, Битола, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес.
 
Во прилог ќе ја најдете нашата брошура со детални податоци за сите проекции во секој град.  
Информации: www.skopje.diplo.de <http://www.skopje.diplo.de/> или www.fngf.mk или на Facebook.
 
Се радуваме на Вашата посета и се надеваме дека ќе уживате во најновите германски филмови кои со љубов ги одбравме за Вас.
 
slika makger
 
Печати

ИНФО

Почитувани членови и пријатели,

Ве покануваме нa редовна Stammtisch средба помеѓу членовите и пријателите на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка. Овој пат поради обврски на извршниот одбор во текот на работната недела, средбата ќе ја оствариме во последната сабота од месецот, на 26.10.2013 год., во 19:00 часот во Плаза дел Торос (на кејот на реката Вардар). Средбата е неформална и отвора можност членовите и пријателите на ДМГПС да се запознаат подобро и да разменат искуства, да разговараат за актуелните активности и за идните планови на ДМГПС, како и да дискутираат на теми поврзани со СР Германија.

Се радуваме на Вашето присуство!
Со пријателски поздрави од Извршниот Одбор на ДМГПС

Печати

Работилница за превод

fffРаботилница за превод на песни во проза од македонски на германски јазик од книгата „Побрзај и почекај“ од Владимир Мартиновски

Друштво за македонско - германско пријателство и соработка-Скопје организира работилница за превод од македонски на германски на книгата „Побрзај и почекај“ од универзитетскиот професор Владимир Мартиновски. Работилницата ќе се одржи од 25-ти до 27-ми април 2013 година во Германската читалница. Работилницата ќе ја води лектор Маријана Ѓорѓиева, и на неа ќе учествуваат студенти од катедрите за Превод и толкување и Германски јазик и книжевност. Проектот е организиран од членовите на здружението Друштво за македонско-германско пријателство и соработка, Александра Спасеновска и Бојана Спировска, и подржан е од Гете- Институт Канцеларија за врски Скопје.

 

Еве дел од песните во проза преведени за време на работилницата...

Број на гледања на артикли
84081

Имаме присутни 72 гости и нема членови