Работилница

rabotilnica

„Развој на проект во контекст на македонско-германската културна соработка“ за Проектот „Иницијатива на младите“ на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка -Скопје

Од  5. до 9 септември 2011 година во Германската читалница се одржа работилница на тема „Развој на проект и негово спроведување во контекст на македонско-германската културна размена“.

Целта на работилницата беше младите луѓе од Македонија да бидат запознаени со културната соработка помеѓу Република Македонија и СР Германија, како и со првите чекори за развој и имплементација на проекти од областа на културата. Притоа, се дискутираше за проектите на македонско-германската културна соработка, се развиваа и формулираа конкретни идеи за проекти, а се разгледуваа и општи прашања околу управувањето со проекти од моментот на поднесување на проект до негова имплементација.

За време на целиот период, додека траеше работилницата, се разработи еден конкретен проект, кој се реализира во 2012 година. Концептот на работилницата се базираше на дијалог, интеракција, општ процес на бура на идеи и активна тимска работа.

Зачленете се за Новости