Во рамките на новиот проект со наслов “Во филмската лабораторија на природата” кој ќе го реализираме во периодот од февруари до септември 2023 започнуваме со отворен повик до млади надежни уметници и аматери љубители на седмата уметност.
Станува збор за едукативно-уметнички проект и има за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје и да се поддржи проактивниот однос на поединецот кон општествените промени денес.
Проектот е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. На овој начин учесниците ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси.
Филмската работилница ќе се реализира под менторство на режисерот Борјан Зафировски а во организација од Здружението за македонско германско пријателство и соработка во Скопје со финансиска поддршка од Гете институтот Goethe-Institut Skopje
Партнер Go Green – Биди Зелен#
Пријавување кај координаторката на работилницата Мариана Палашевска на емаил адреса: [email protected]