The Backyard Jazz Orchestra – 7 професионални и 10 млади музичари од осум земји
„Creative Realities – European Prospects and Visions – мултинационална средба“ на млади музичари е името на проектот на реномираните џез музичари Штефан Шулце и Петер Евалд, кои веќе подолго време се ангажираат за меѓународна размена помеѓу млади музичари.
Германските професионални џез-музичари беа на едномесечно истражувачко патување низ Југоисточна Европа и покрај многубројните заеднички концерти со локални музичари, одржуваа повеќе работилници и запознаваа љубители на културата и уметноста. Петер Евалд и Штефан Шулце, од музичарите што ги сретнаа на нивното патување, го формираат Backyard Jazz Orchestra, со подршка од Културсекретаријат Вупертал, Гете-институт и од Министреството за млади, спорт и култура на Северна Рајна Вестфалија.