ФИФА Светско првенство во фудбал за жени: Германија 2011 година
Во јуни и јули 2011 година Германија беше домаќин на 6-тото светско првенство во фудбал за жени и ги организираше натпреварите во девет германски градови.
Германската амбасада во Скопје, следејќи ги успешните преноси во живо од Светското фудбалско првенство во 2010 година, секако ја искористи можноста и оваа година, на 26.6.2011 година да покани на следење на преносите од натпреварите на германскиот женски национален тим.
Многубројните посетители, меѓу кои беа и дамите од македонската лига на шампиони, имаа можност да вкусат германски колбаси и пиво, но и спортски да се активираат. Паузата за време на полувремето минуваше многу брзо на масичката за фудбал и уште повеќе го разгоруваше доброто расположение.
Германската женска селекциа навистина загуби уште во четврт финалето (од подоцнешните светски првенки), но и возбудливото финале меѓу Јапонија и САД трескавично го следеа многубројните посетители во Германската амбасада.