Детска уметничка изложба

deca

На 16.11.2010 година во Кинотеката на Македонија беше отворена традиционалната 37. детска уметничка изложба „13-ти ноември”, која се организира секоја година по повод денот на „Ослободувањето на Скопје”. Изложбата имаше меѓународен карактер. Учесниците беа од Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Украина, Хрватска, Турција, Романија и Германија. Манифестацијата беше организира под раководство на Детскиот ликовен центар од Скопје и Градот Скопје. Комисијата имаше тешка задача од пријавените над 3000 дела да додели 100 награди и да одбере 250 дела за изложбата.

Преку Амбасадата на Германија и градските управи на Дрезден и Нирнберг беа собрани и предадени цртежи од децата од овие два града.

Зачленете се за Новости