Creative Realities – European Prospects and Visions
На покана на Гете-институт и на Секретаријатот за култура на Северна Рајна Вествалија, во Германија и во четири балкански земји престојува џез-музичарите Штефан Шулце и Петар Евалд, кои преку работилници, средби и концерти бараа млади таленти за проектот „Creative Realities- European Prospects and Visions“.
Работилницата се одржа од 8. до 11. септември 2011 година, а завршниот концерт на работилницата се случи на 10. септември 2011 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Млади музичари од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Романија и Германија, во соработка со професионални музичари, создадоа креативна слика од звуци, која раскажуваше за нивните индивидуални и колективни перспективи и визии.