Диџеј Халдолиум
Нa 4.2.2012 година, во клубот „Хардрок“, од нивниот член Марио Рајнш, беше претставен новиот албум на прогресивниот транс бенд „Халдолиум“. Звуците на прогресивната електронска музика посетителите ги следеа до раните утрински часови. Вечерта започна со македонскиот уметник Леонид Голчев, кој направи име со „Tengri“ – амбиентална и филмска музика. Бендот „Халдолиум“ е формиран во 1993 […]
Германско-француски концерт
Елисејскиот договор, потпишан на 22.1.1963 го постави камен темелникот за помирување меѓу Германија и Франција и овозможи беспоговорна соработка на двете земји во многу области, како што се стопанството, културата и размената на млади. По повод 48-та годишнина од германско-француското пријателство, кое беше одбележано во Скопје на 11.2.2011 година, публиката во концертната сала на Музичката […]
Концертно дуо Карлсруе
На 3. и 4. јуни во Скопје и Битола гостуваше концертното дуо од Карлсруе, составено од пијанистката Дагмар Хартман и челистот Рајнхард Армледер. Двајцата успешни музичари, кои се постојано на турнеи низ целиот свет, со класичен концерт имаа свое деби во Македонија, пришто ја одушевија публиката со дела од Шопен до Мануел де Фаља и […]
Грегор Хилден Бенд на Блуз и соул фестивалот во Скопје
На 4. и 5. јули 2011 година се одржа Блуз и соул фестивалот во Скопје на кој како гостин на Скопско лето и на Германската амбасада беше „Грегор Хилден бенд“. Бендот на Грегор Хилден (гитара), Томас Хуфшмид (пијано), Јохен Веле (тапани) и Саша Енинг (бас) настапи во Универзална сала заедно со симпатичната соул пејачка Хериет […]
Алијаж квинтет
На 17.8.2011 година, во рамките на Охридско лето, во црквата Света Софија настапи Алијаж квинтетот и на оваа необична и чудесна сцена ја маѓепса публиката со извонредни дела, меѓу кои „Шехерезада“ од Римски-Корсаков, „Оревокршачка“ од Чајковски и „Танцот на сабјите“ од Хачатуријан. Покрај Јанг Јун Бае, на клавир, настапија четворица талентирани музичари на саксофони со […]
Џез-квинтетот schultzing на турнеjа низ Југоисточна Европа
Пијанистот и композитор Штефан Шулце (добитник на WDR наградата за џез 2010), саксофонистот и композитор Петер Евалд, пејачката Хана Јурш, басистот Петер Швебс и тапанарот Тимо Варнеке креираат разнолики акустични слики. Слики кои можат подеднакво да се сместат во категории како џез, поп, а содржат и елементи на нова музика. На покана од Гете-институт schultzing […]
Ученици пеат на германски јазик
Здружението на наставници по германски јазик, во соработка со Канцеларијата за врски при Гете-институт од Скопје го организираа натпреварот по пеење на германски јазик Kinderstar 2011. По успешните регионални натпревари, на кои учествуваа околу 150 ученици во рамките на 71 настап, на 3.6.2011 во Скопје се одржа големото финале. Десетте победници од регионалните натпревари во […]
Creative Realities
Creative Realities – European Prospects and Visions На покана на Гете-институт и на Секретаријатот за култура на Северна Рајна Вествалија, во Германија и во четири балкански земји престојува џез-музичарите Штефан Шулце и Петар Евалд, кои преку работилници, средби и концерти бараа млади таленти за проектот „Creative Realities- European Prospects and Visions“. Работилницата се одржа од […]
The Backyard Jazz Orchestra
The Backyard Jazz Orchestra – 7 професионални и 10 млади музичари од осум земји „Creative Realities – European Prospects and Visions – мултинационална средба“ на млади музичари е името на проектот на реномираните џез музичари Штефан Шулце и Петер Евалд, кои веќе подолго време се ангажираат за меѓународна размена помеѓу млади музичари. Германските професионални џез-музичари […]