Синедејс: Филмови од Дрезен

prijatel

Во ноември во рамките на Синедејс беа прикажани и филмови од режисерот Дрезен. Вљубениците во филмската уметност по десетти пат беа поканети на патување низ европскиот филм, а речиси сите кина во Скопје беа вклучени во спектаклот. Покрај филмовите кои се натпреваруваа, имаше најразлични фокусирани теми, на пример за земјите Грузија и Словенија, но признанија […]

Метрополис – Фриц Ланг

metropolis

Проекција на култниот нем филм со музичка придужба од Македонската Филхармонија Во 2008 година. се случи сензационално откритие од областа на историјата на филмот: во Филмскиот музеј во Буенос Аирес беа откриени сцени од експресионистичкиот филмски класик „Метрополис“ за кои со децении се мислеше дека се засекогаш изгубени.

Филмска вечер

Еден мој пријател Die Eule,  магазинот кој е основан од германисти и е резултат на студентска иницијатива на Катедрата за германски јазик и книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во Скопје работеше на своето прво издание, како и на изработката на интернет-блог. Со поддршка на Гете-институт и ДААД, а во соработка со Германската читалница, […]

Неми филмови од француската авангарда

Неми филмови од француската авангарда со музика во живо од Уве Оберг (пијано) и Ули Бетхер (eлектроника) Германско-француски проект во рамките на Европските денови на немиот филм во Скопје Гете-институт, Канцеларија за врски во Скопје, во соработка со Францускиот културен Центар “Жан Моне“ и Кинотеката на Македонија, во рамките на Европските денови на немиот филм […]

Астер Фест

Режисерката Билјана Гарванлиева, која потекнува од Македонија, а живее во Германија, со учество на Амбасадата, на 28.5. 2011 година на Астер Фест прикажа три свои документарни филмови. Во средиштето на нејзината работа честопати стојат силни жени – индивидуалци, борци, кои и покрај општествените и политичките рестрикции одат цврсто по својот пат кон целта.

7-ми фестивал на новиот германски филм

Фестивалот на новиот германски филм, кој стана незаобиколен дел кога станува збор за овдешниот свет на киното, во 2011 година по седми пат ги отвори портите, или подобро речено, кино салите. Мотото на фестивалот беше градот Берлин и го сочинуваше јадрото на редица документарни филмови. Во филмот „Neukölln Unlimited“ беше ставен под лупа денешениот Берлин. […]

Наградени документарни филмови на Билјана Гарванлиева

biljana

Германско-македонската режисерка Билјана Гарванлиева, преку нејзините документарни филмови на впечатлив начин ја отсликува македонската реалност и тешките економски услови кои се нејзин неизбежен дел, но истовремено сведочи за креативноста, силата и храброста на нејзините протагонисти, да се соочат со тие услови и да го извлечат најдоброто од нив, притоа не откажувајќи се од нивните соништа […]

Слепа точка, Скопје

slepatocka

Изложба и видео проект со интернационалната уметничка група Камеракартел Проект на Вибке Штадлер, културен менаџер од Невладината организација Контрапункт, Скопје, Македонија. СЛЕПА ТОЧКА СКОПЈЕ беше замислен како привремена платформа во Скопје од страна на Марте Кислинг, Штефани Сара Лауке, Ванеса Ника Милер и Вибке Штадлер. Проектот беше организиран како настан поделен на три меѓусебно поврзани […]

Револвер

revolver

Ново германско кино Во текот на четири дена, од 8 до 11 април 2011 година во Кинотека на Македонија се прикажаа филмови, остварувања на редакцискиот тим на списанието „Револвер“, како и „Чистиот копнеж“ на Валеска Гризбах, кој спаѓа во филмовите од „Берлинското училиште“ и „Новел вог Алеманде“, а сето ова беше придружено со дискусии и […]