Неми филмови од француската авангарда со музика во живо од Уве Оберг (пијано) и Ули Бетхер (eлектроника)
Германско-француски проект во рамките на Европските денови на немиот филм во Скопје
Гете-институт, Канцеларија за врски во Скопје, во соработка со Францускиот културен Центар “Жан Моне“ и Кинотеката на Македонија, во рамките на Европските денови на немиот филм на 28.10.2011 организираше проекција на неми филмови од француската авангарда со музика во живо од германските музичари Уве Оберг (пијано) и Ули Бетхер (електроника).