Промоција на монодрамата „Мачката Елеонора“ од Карен Јес,

„Така е, немам опашка, а имам стапала и говор, тоа е точно. Тоа не е доказ за постоењето како човек“, му вели Елеонора Гарацо на својот терапевт Гералд Вилдбрух и решава дека од денес натаму: таа е мачка. Монодрамата „Мачката Елеонора“ на Карен Јес е преплетена со слични остроумни реплики, поетично опишани сензации и протестни императиви со кои агентката за недвижнини Елеонора Гарацо конечно ја повлекува линијата помеѓу себе и светот, одлучувајќи се да живее во осаменоста на нејзиниот дом и градина. Кохезијата од прашања поврзани со трудот и работата, родовиот идентитет како и одржливоста и конзумеризмот во „Мачката Елеонора“ нѐ канат да ги преиспитаме сопствените позиции и влеваат храброст кај читателите преку претставениот чин на радикално отфрлање на реалноста. Разговорот  со авторката ќе го води преведувачката на монодрамата Катерина Шекутковска и ќе биде конескутивно преведуван од германски на мекадонски јазик.

Оние коишто сакаат да ни се придружат на продлабочен разговор за книгата, ги покануваме да се пријават за средбата помеѓу читателите/ките и авторката која ќе се одржи на 26.10. (сабота) во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Неформална пријава може да испратите на мејл-адресата: [email protected]. Разговорот ќе се одвива на англиски јазик.

Зачленете се за Новости