Литературно читање со Андреас Штихман

Со цел обележување на 25-годишнината од основањето на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка во Скопје, организиравме online читање преку видео, кое на 12.11.2020 во 20:00 часот ќе можете да го погледнете на нашиот Youtube канал и на нашата Facebook страница. Тема ќе биде романот: „Киднапирање на оптимистот Сиднеј Сипанk“ на германскиот писател Андреас Штихман, кој го припреми ова читање по повод овој наш јубилеј.

Авторот со задоволство ќе одговори на сите Ваши прашање и со задоволство би дускутирал со Вас на оваа тема. Вашите прашања и коментари можете на крајот на читањето да ги испратите по електронска пошта [email protected] или во порака, а авторот со задоволство ќе одговори во дополнителен online термин.

За романот:

„Време е да се подобри светот и конечно да се подобрат околностите од корен“- смета Давид ван Гелен, главниот протагонист на романот, кој се појавува како притаен борец под псевдонимот Сиднеј Сипанк. Ликовите кои живеат во алтернативната заедница Зоненхоф го живеат идеалот на солидарно општество. Сепак, колку може човекот да биде алтруист и колку може да се одрекува за доброто на заедницата?

Користејќи ги мотивите, како надминување на светскиот глад, веганската револуција, фер трговија, капитализмот преставен преку ликови на работ на општеството, авторот го носи романот до главната точка, односно моралното будење на сопствената генерација.

Дејство:

Сé започнува од Хамбург Осдорф. Зоненхоф – поранешен алтернативен проект за домување, денес повеќе како згрижувачко домување, кое видело и подобри времиња – смета Рамафелене, викан Рафи, на возраст од 35 години кој од своето детство живее таму. Од неговата цимерка и од неговата мајка тој не очекува многу.

Изгледа откако го изгуби нејзиот маж, кај неа и се изгуби и љубовта кон човештвото уште во 80-тите години. Лошо. Така смета Бјанка, на возраст од 17 години, која во Зоненхоф ја одработува нејзината социјална работа. Бјанка, со сините коси, во која Рамафелене се вљубува.

Тоа што на Киви не му се допаѓа, иако тој штотуку си најде нов дечко: маж без вистинско буржоаско име. Човек со визија што го вклучува и Зоненхоф и киднапирањето на милионско наследство. Лошо? Ќе видиме.„ Во првиот момент нема никаква опасност“ – смета Киви.„ Дали во солидарноста има нешто политичко? Дали токму содржината на песната „Интернационала“ е тоа нам ни се допаѓа. „Зоненхоф видело и поубави времиња, ама зошто да не дојдат најдобри и тоа за сите луѓе?“

За авторот:

Андреас Штихман, роден 1983 во Бон, студирал на германскиот иститут за литература во Лајпциг. Подолго време бил во Јужна Африка и патувал низ Иран. Во 2008 се објавува неговата прва збирка раскази „Џеки во сребро“ за кој бил награден со наградата Клемент Брентано и добил стипендија од литературниот колоквиоум во Берлин. Ја добива германската награда за литература- Краништајнер , а потоа Хамбуршката награда за литература 2010. „Големото осветлување“ е неговиот прв роман и во 2012 е номиниран за наградата Бахман.

Зачленете се за Новости