СТАТУТ НА ЗДМГПС

Врз основа на чл.18 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ, бр.52 од 16.04.2010 год.), Собранието на Здружение ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО – ГЕРМАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА, Скопје на ден 25.03.2011 година, ги усвои измените на следниов,

СТАТУТ НА

 Здружение ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО – ГЕРМАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА, Скопје

 I.ОПШТИ ОДРЕДБИ

 Член 1

Здружение ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО – ГЕРМАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА Скопје (во понатамошниот текст – здружение), е здружение на сите граѓани на Република Македонија со цел да промовира, развива и воспоставува заемно разбирање, соработка и лични контакти меѓу граѓаните на Република Македонија и Сојузна Република Германија, како и да ја развива културната и академската мобилност во меѓународни рамки.

Член 2

Здружение ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО – ГЕРМАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА Скопје е самостојно, непартиско, секуларно и непрофитно здружение на граѓани.

 Член 3

Полниот назив на здружението е: Zdru`enieДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО – ГЕРМАНСКО   ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА-Скопје.

     Скратениот назив на здружението е: ZДМГПС.

     Полниот и скратениот назив се користат заедно или одвоено, согласно Статутот.

Седиштето на Zdru`enieto е во Скопје, на:

ул.„Васил Ѓоргов“ бр.33 (ЛИНГВАЛИНК),

     1000 Скопје, Република Македонија.

 Член 4

Zdru`enietoе правно лице со права, обврски и одговорности во согласност со Уставот на Република Македонија, Законот за здруженија и фондации, другите позитивно правни прописи и овој Статут.

Работата на Здружението е јавна.

Јавноста на работата се обезбедува со внатрешно информирање на членовите на здружението, информирање во медиумите и јавно огласување.

За својата работа Здружението одговара пред своите членови и пред надлежните органи на Република Македонија.

 Член 5

Здружението има свој печат, штембил и лого.

Печатот на Здружението е во кружен облик во кој е впишано името: Здружение ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА-Скопје

Штембилот има правоаголна форма и го содржи името:Здружение ДРУШТВО ЗА МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА-Скопје, број, дата, место.

Логото на Здржението е во правоаголен облик поделен со дијагонала. Во левиот триаголник од поделениот правоаголник се наоѓа државното знаме на Република Македонија пресечено со дијагоналата. Во десниот триаголни од поделениот правоаголник се наоѓа државното знаме на СР Германија пресечено со дијагоналата.

II.ЦЕЛИ И ДЕЈНОСТИ

 Член 6

Целите и задачите на Здружението се:

–        да промовира, воспоставува и развива заемно почитување, соработка и лични контакти меѓу граѓаните на Република Македонија и граѓаните на Сојузна Република Германија и нивните заеднички пријатели од трети земји;

–     да ја поттикнува културната, научната и стручната соработка и размена меѓу културните и научни работници од Република Македонија и Сојузна Република Германија;

–          да придонесува во образованието за разноликостите и спецификите меѓу македонската и германската култура;

–          да промовира почитување на културната разноликост и да развива култура на дијалог и толеранција;

–          да го поттикнува изучувањето на германскиот јазик во Република Македонија и да ги промовира вредностите на германското општество и демократија во Република Македонија.

 Член 7

За остварување на овие цели, Здружението ги организира следниве дејности:

–          организација на образовни семинари и конференции од разни области и сфери на културната соработка;

–          организација на литературни читања, изложби, предавања, проекции на филмови и други манифестации од областа на културната соработка;

–          организација на размена на уметници, писатели и културни работници од двете земји;

–          организација на стручни посети на културни настани во двете земји.

III   ЧЛЕНСТВО НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 Член 8

Членови на Здружението може да бидат сите граѓани на Република Македонија во согласност со Законот за здруженија и фондации.

Во Здружението може да членуваат и странски државјани под услови и начин определен во Законот за здруженија и фондации. Странските државјани кои се членови на здружението имаат исти права и обврски како сите останати членови.

Членството во Здружението е доброволно.

Член 9

Секој член на Здружението има права и обврски да учествува во работата на Здружението согласно со Законот и овој Статут

Членовите се должни редовно да плаќаат членарина.

Членарината се плаќа годишно.

Одлуката за висината на членарината ја определува Извршниот одбор.

Член 10

Зачленувањето во Здружението се врши со потпишување пристапница и плаќање на годишна членарина

Верификација на членовите врши Извршниот одбор на првата наредна седница по плаќање на членарина и потпишување на пристапница.

 Член 11

Членовите на Здружението имаат право да избираат и да бидат избрани во органите на Здружението

Членовите на Здружението се должни да го почитуваат Статутот и останатите акти на органите на Здружението, како и да го штитат и почитуваат угледот на Здружението.

За својата работа, членовите на Здружението одговараат пред Извршниот одбор и пред Собранието на Здружението.

Член 12

Членството во Здружението престанува со смрт, со истапување, со неплатена членарина за тековната година или со исклучување од членството.

Истапувањето од членство во Здружението се врши со писмена изјава за истапување, која се доставува до Претседателот на Здружението.

Член на Здружението може да биде исклучен поради потешка повреда на одредбите од Статутот, како и дејствување спротивно утврдената програма за работа на Здружението. Предлог за исклучување на член на Здружението може да достави Претседателот на Здружението, тројца членови на Извршниот одбор или пет членови на Собранието на Здружението. За исклучување од членство одлучува Извршниот одбор со 2/3мнозинство гласови од вкупниот број членови.

IV     ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

 Член 13

Организационата структура на Здружението се состои од:

–          Собрание;

–          Извршен одбор;

–          Надзорен одбор.

 Член 14

Собранието е највисок орган на Здружението, во кој право на глас имаат сите членови на Здружението со уредно регулирана членарина.

 Член 15

Собранието заседава на седници кои ги свикува Претседателот на Здружението во согласност со Извршниот одбор.

Собранието може полноважно да работи и одлучува доколку на неговата работа присуствуваат мнозинството од членовите на Здружението.

Собранието одлучува со мнозинство гласови од бројот на присутните членови чиј број не смее да е помал од мнозинството од вкупниот број членови, освен за прашањата за кои, согласно Законот и овој Статут, Собранието одлучува со друго мнозинство.

 Член 16

Собранието на Здружението ги има следните надлежности:

–          го донесува, изменува и дополнува Статутот на Здружението и Деловникот за работа на Собранието;

–          ја формулира општата политика за работа на Здружението;

–          ги донесува краткорочните, годишните и повеќегодишните програми за работа на Здружението на предлог на Извршниот одбор;

–          ги усвојува годишните и финансиските извештаи за работата на Здружението;

–          го избира и разрешува Претседателот на Здружението, како и Потпретседателот и Секретарот на Здружението;

–          го избира и разрешува Извршниот одбор на Здружението;

–          го избира и разрешува Надзорниот одбор на Здружението;

–          на предлог на Извршниот одбор формира Изборна комисија која го спроведува процесот на гласање утврден во Деловникот за работа на Собранието;

–          врши други работи предвидени со Статутот и останатите акти на Здружението.

 Член 17

Извршниот одбор е извршен орган на Здружението, составен од седум до девет членови со мандат од две години.

Претсетаделот, Потпретседателот и Секретар на Здружението се членови на Извршниот одбор. Останатите четири до шест члена ги избира Собранието на Здружението во постапка предвидена со Статутот.

Извршниот одбор ги донесува своите одлуки со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Извршниот одбор.

Член 18

Извршниот одбор ги има следните надлежности:

–          предлага програма за работа на Здружението

–          предлага краткорочни програми за работа на Здружението;

–          предлага финансиски план за работа на Здружението;

–          се грижи за реализација на програмите и проектите на Здружението;

–          предлага промени на Статутот на Здружението;

–          дава толкување на Статутот;

–     предлага стапување или истапување од сојузи или други облици на поврзување или здружување со други здруженија на граѓани, фондации или странски организации;

–         врши други работи утврдени со Статут.

За својата работа Извршниот одбор одговара пред Собранието на Здружението.

Член 19

Претседателот го застапува и претставува Здружението.

Претседателот го избира Собранието со мандат од две години, со право на реизбор.

За Претседател на Здружението може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

–          да е член на Здружението најмалку шест месеци;

–          да е државјанин на Република Македонија;

–          да има познавање на германскиот јазик;

–          активно да учествувал во реализација на најмалку еден проект на Здружението.

Член 20

Претседателот на Здружението ги има следните надлежности:

–      го застапува Здружението пред државните органи и други лица;

–          раководи со седниците на Собранието;

–          ги подготвува, свикува и претседава со седниците на Извршниот одбор;

–          ги спроведува одлуките и заклучоците на Извршниот одбор на Здружението;

–          предлага Потпретседател и Секретар на Здружението;

–          ја организира и координира работата на Здружението;

–          склучува договори.

За својата работа Претседателот одговара пред Собранието и пред Извршниот одбор.

 Член 21

Потпретседателот на Здружението го заменува Претседателот на Здружението во случај на негово отсуство, времена спреченост за извршување на обврските, како и во случај на смрт или трајна спреченост за извршување на обврските до првата наредна седница на Собранието на Здружението.

Потпретседателот го избира Собранието со мандат од две години.

За Потпретседател на Здружението може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

–          да е член на Здружението најмалку шест месеци;

–          да е државјанин на Република Македонија;

–          да има познавање на германскиот јазик;

–          активно да учествувал во реализација на најмалку еден проект на Здружението.

Потпретседателот ја врши должноста на благајник на Здружението.

 Член 22

Секретарот на Здружението ги координира меѓународните активности на Здружението и предлага реализација на проекти.

Секретарот го избира Собранието со мандат од две години.

За Секретар на Здружението може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

–          да е член на Здружението најмалку шест месеци;

–          да е државјанин на Република Македонија;

–          да има познавање на германскиот јазик;

–          активно да учествувал во реализација на најмалку еден проект на Здружението.

 Член 23

Надзорниот одбор на Здружението се состои од три члена кои ги избира Собранието со мандат од две години.

За член на Надзорниот одбор може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

–          да е член на Здружението најмалку шест месеци;

–          да е државјанин на Република Македонија;

–          да има познавање на германскиот јазик;

–          активно да учествувал во реализација на најмалку еден проект на Здружението.

Членовите на Надзорниот одбор на конститутивната седница избираат претседател на Надзорниот одбор.

Надзорниот одбор врши надзор на материјално-финансиското работење на Здружението како и други работи утврдени со овој Статут.

V     МАТЕРИЈАЛНО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

 Член 24

Материјалното и финансиското работење на Здружението се води врз основа на финансиски план и пресметка на приходи и расходи.

Извори на финансиски средства на Здружението се:

–          членарина;

–          донаторства;

–          спонзорства;

–          други извори.

Материјалното и финансиското работење на Здружението се врши врз основа на одредбите од Законот и Статутот.

 Член 25

Финансиските средства на Здружението се користат за:

–          реализација на програмски проекти;

–          работа на органите на Здружението;

–          работа на техничките услуги.

 Член 26

Имотот на Здружението се состои од парични средства, подвижни и недвижни ствари.

VI    ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 Член 27

Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Здружението, во следните случаи:

–          кога за тоа ќе одлучат членовите на Здружението;

–          кога бројот на членови на Здружението ќе стане помал од бројот на членови потребен за основање;

–          ако се утврди дека Здружението престанало со работа.

 Член 28

Во случај на престанок со работа на Здружението, целокупниот имот ќе биде доделен на Црвениот крст на Република Македонија.

 Член 29

Измени и дополнувања на Статутот се вршат со одлука на Собранието по предлог на Претседателот, Извршниот одбор или една третина од членовите на Собранието на Здружението. Одлуката за измени и дополнувања на Статутот Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство.

  Член 30

Право на толкување на овој Статут има Извршниот одбор и Собранието на Здружението.

 Член 31

Здружението може да се поврзува и здружува во сојузи или други облици на поврзување или здружување со други здруженија на граѓани, фондации или странски организации, а се со цел да ја унапреди својата работа и активности, како и да оствари други прашања од заеднички интерес.

 Член 32

Овој Статут стапува во сила со денот на неговото донесување.