Концерт на ансамблот ХОРИЗОНТЕ
Со концертот на ансамблот „ХОРИЗОНТЕ“ од Германија ја заокружуваме
овогодинешната програма на „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА 2020“. Во овие последни магловити денови од годината, СОКОМ Ве кани на online концерт на ансамблот ХОРИЗОНТЕ од Германија, со наслов „Импресии“, кој ќе може да го проследите на 29 декември со почеток од 20 часот, на youtube каналот на СОКОМ (Сојуз на композитори на Македонија)
https://www.youtube.com/
На програмата на концертот се дела од: Кирил Македонски, Михаило
Трандафиловски, Јана Андреевска, Jörg-Peter Mittmann, Morton Feldman,
Max E. Keller и Jérôme Combier.
Ансамблот „ХОРИЗОНТЕ“ и е добро познат на македонската публика и е еден од ретките ансамбли кои континуирано изведуваат дела од македонски автори и надвор од рамките на фестивалот ДММ. Својата посветеност во таа насока ја докажаа и овој пат реализирајќи го овој концерт во навистина вонредни услови, со снимка која ја направија на 20 декември во салата на Freie Waldorfschule Gütersloh во Friedrichsdorf.
Концертот е финансиран и поддржан од Министерство за култура, Друштво за македонско – германско пријателство и соработка – Скопје и Гете
институтот.