Во ноември во рамките на Синедејс беа прикажани и филмови од режисерот Дрезен. Вљубениците во филмската уметност по десетти пат беа поканети на патување низ европскиот филм, а речиси сите кина во Скопје беа вклучени во спектаклот. Покрај филмовите кои се натпреваруваа, имаше најразлични фокусирани теми, на пример за земјите Грузија и Словенија, но признанија добија и остварувањата на одредени уметници. Со поддршка на Германската амбасада беа прикажани филмови од широкиот спектар на многупати наградуваниот режисер Андреас Дрезен и тоа „На пола скали“ (2002), „Лето пред балконот“ (2005) и „Облак 9“ (2008).