Промоција – културни настани за 2010

zdruzeni

Промоција на германско-македонската книга на културни настани за 2010

На 23.6.2011 година во Германската читалница се одржа промоцијата на третото издание на Германско-македонската книга на културни настани за 2010 година, која е во издание на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје, со поддршка на Гете-институт, Канцеларија за врски од Скопје. Оваа книга претставува не само хронолошки приказ на германско-македонската соработка во областа на културата во една календарска година, туку, уште повеќе, сведоштво за континуитетот и разновидноста на таа соработка и бележник за нејзиното развивање и растење од година в година.

Соработката беше прикажана низ различните тематски области, почнувајќи од музиката, па продолжувајќи со литературата, филмската и мултимедијалната уметност, а завршувајќи со театарот, танцот и со настаните за популаризирање на германската цивилизација и општество.

Зачленете се за Новости