Комикс

comics

Ученици од Германските партнерски и проектни училишта изработуваат свои стрипови со германската писателка Карен Сузан Фесел и илустраторката Хајди Кул

Работилницата за креативно пишување во 2011 година се одржa по четврти пат и на неа зедоа учество 16 ученици од Германските партнерски и проектни училишта на Канцеларијата за врски при Гете-институт во Скопје. Писателката Карен Сузан Фесел и илустраторката Хајди Кул со учесниците обработуваа оригинални стрип-приказни кои учесниците ги изработиле во двојки. Учесниците на работилницата беа одбрани од над 50 пријавени кандидати.

На изложбата на цртежите и презентацијата на стриповите која одржа на 27 мај во во просториите на Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ беа поканети родителите, учениците и наставниците.

Зачленете се за Новости