Џез-квинтетот schultzing на турнеjа низ Југоисточна Европа

jazz

Пијанистот и композитор Штефан Шулце (добитник на WDR наградата за џез 2010), саксофонистот и композитор Петер Евалд, пејачката Хана Јурш, басистот Петер Швебс и тапанарот Тимо Варнеке креираат разнолики акустични слики. Слики кои можат подеднакво да се сместат во категории како џез, поп, а содржат и елементи на нова музика. На покана од Гете-институт schultzing од 18-21 март се одржа работилница, а на 22 март во Скопје и на 23 март во Штип се одржаа концерти како дел од турнејата во Македонија, Грција и Србија. Програмата ја сочинуваа aвторски композиции, но и традиционални македонски композиции со аранжман и преработка од Петер Евалд и Штефан Шулце.

Со поддршка на Сојузот на композитори на Македонија, во рамките на фестивалот Денови на македонската музика квинтетот ја продлабочи својата соработка со македонски музичари. Овој пат свиреа со македонските музичари Драган Даутовски и Владимир Николов. На концертот во Нови Сад им гостуваше српскиот басист Федор Русчуч.

Schultzing е во постојанао потрага по соодветни звуци, ги крши конвенциите и вообичаените текови и ги отсликува со соодветна доза на хумор. Музиката и текстот оставаат простор за асоцијации, истовремено се јасни и разиграни, ритмични и испрекршени, приземни и ведри. Виртуозноста и комплексноста се апсорбираат и музичарите им даваат човечки лик. Јаснотија. Ведрина. Хаос и хармонија: Schultzing.

Зачленете се за Новости