Деветтиот божиќен пазар на германската амбасада во Скопје овојпат се одржа во сабота, на 26.11.2011 година. Повеќе од 1.000 посетители дојдоа по студено време, со срамежливи сончеви зраци, во убаво украсениот двор на амбасадата за да ја почувствуваат типичната божиќна атмосфера. На седум празнично украсени штандови беа изложени домашно направени божиќни колачиња, слатки, германските “медењаци” и милиброди, како и рачно изработени подароци и божиќни украси за продажба.
Големиот број посетители уживаа во типичната божиќна храна. Бројките говорат дека за четири часа беа продадени околу 100 кг. Колбаси, како и 750 литри нирнбершко греано вино и детски пунч. На штандот за вафли беа испечени свежи вафли од 40 кг. тесто.