Во периодот од 11.09.2023 до 19.09.2023 во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка а поддржано од Гете Институт Скопје се оддржа филмска работилница „Во филмската лабораторија на природата“ под менторство на режисерот Борјан Зафировски
Станува збор за едукативно-уметнички проект и имаше за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје и да се поддржи проактивниот однос на поединецот кон општествените промени денес.
Проектот е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците имаа можност да го искусат креативниот процес, да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. На овој начин учесниците имаа прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси.
Работилницата за документарен филм се одржа во Europe House Skopje додка презентацијата на снимените филмови беше во форма на еден необичен настан наречен ЕКО КИНО кој се одржа на 19.09.2023 пред НУБ Климент Охридски на коцка од 4 метри која ни ја овозможи нашиот партнер GO GREEN – БИДИ ЗЕЛЕН.
Истата коцка, 125 килограми јаглерод диоксид е еднаква на двонеделно возење со автомобил или 6 месеци комунален отпад од домаќинствата или 50 килограми неселектирана пластикка. Преку возењето со велосипед на интересен начин укажуваме на тоа дека не е лесно да се произведе енергија, дека треба да се штеди, особено во време на енергетска криза и да се користат обновливи извори на енергија.
Филмовите имаа за цел да ја подигнат свеста за совесно одлагање на отпадот и заштита на животната средина и можете да ги погледнете во прилог.