Нa 4.2.2012 година, во клубот „Хардрок“, од нивниот член Марио Рајнш, беше претставен новиот албум на прогресивниот транс бенд „Халдолиум“. Звуците на прогресивната електронска музика посетителите ги следеа до раните утрински часови. Вечерта започна со македонскиот уметник Леонид Голчев, кој направи име со „Tengri“ – амбиентална и филмска музика.
Бендот „Халдолиум“ е формиран во 1993 година и е еден од најпознатите „прогресивни транс бендови”, кој соработува и со други ѕвезди од сцената, како на пример, со Пинк Флојд во албумот од 2011 година „One of these days“.