Стипендистката на ЗДМГПС Теодора Гелева зборува за нејзиното искуство и стекнато знаење од курсот по германски јазик

prasalnik

1. Почитуван слушател. Веќе три месеци активно земаш учество на курсот по германски јазик кој е кофинансиран од Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка Скопје. До која мера курсот досега ги исполни твоите очекувања? Имаш ли било какви забелешки во врска со наставата и организацијата?

Организацијата е одлична. Тимот кој завзема активно учество на овој курс е навистина динамичен и целосно подготвен за соработка. Тука голема заслуга можам да и препишам на професорката, која е секој момент подготвена да даде комплетно издржан одговор на прашањата кои и ги поставуваме и за кои покажуваме интерес. Само позитивна критика за целосната атмосфера и средина на функционирање.

2. Колку мислиш дека курсот ти помогна да ги унапредиш твоите познавања по германски и како го оценуваш твојот прогрес?

Сметам дека вакво освежување на јазичните знаења му се добредојдени на секого, без разлика колкаво е неговото познавање на странскиот јазик. Различните вежби кои се практикуваат секој час во голем обем и со навистина темелна содржина ми побудија желба за уште поголема посветеност кон германскиот јазик. Напредокот е незибежен доколку има взаемна соработка, бидејќи Центарот за Странски Јазици го дава својот максимум за да ги задоволи барањата на секој нивен слушател.

3. Дали и колку курсот ти помогна да ги продлабочиш твоите познавања и за германскиот народ и нивната култура.

Различните дискусии кои се одвиваат секој час на различни теми се носител на заслугата за неизбежен допир со германскиот начин на финкционирање. Тука се вбројуваат теми кои вклучуваат културните познавања, уметноста, историјата на јазикот, банкарското функционирање, односите и поставеноста како со своите блиски така и во работната средина и многу други од сличен карактер. Тие побудуваат желба за уште подлабоко истражување на сите обработувани теми и на нив сличните.

4. Како би ги применил стекнатите знаења? Каде мислиш дека можеш да дадеш најголем придонес? Дали поактивно би се вклучил во работата на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка?

Со големо задоволство ќе се вклучам при помош на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка на тема која можам да дадам придонес. Тоа би можело да биде некој проект од сличен каратер на овој, за продлабочување на знаењата по германски јазик и подобрување на соработката на македонската и германската култура. Знаењата може да се применат исто така и при превод на некоја книга, а исто така и завземање на учество во претстава или друг вид на проект во кој би имало динамична соработка.

5. Дали и во иднина би земал учество на ваков или на слични курсеви?

Да, со големо задоволство. Средината на функционирање е прекрасна и се надевам доколку бидат повторно организирани курсеви или проекти од сличен карактер дека ќе имам можност благовремено да бидам известена.

6. Други забелешки?

Би сакала да предложам во името на сите стипендисти што сме на овој курс доколку е изводливо од финансиска гледна точка да ни се овозможи посета на курсот и во следниот семестар. Курсот не завршува тука. Крајниот тест е во 2015та година на крај на пролет/почеток на лето. Сметам дека би било од голема корист на нас како слушатели доколку имаме шанса да бидеме слушатели на целосно предвидената програма, која трае и следните 3 месеци.

Ви благодариме

GMDFZ

Зачленете се за Новости