Почитувани членови и пријатели на Друштвото за Македонско-Германско Пријателство и Соработка Скопје,
со големо задоволство Ви најавуваме дека ЗДМГПС на 22.03.2016 (вторник) со почеток во 17:30 часот ќе го одржи своето ГОДИШНО СОБРАНИЕ во просториите на Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Ги покануваме сите членови на Друштвото, како и сите заинтересирани кои сакаат да ни се придружат и да станат дел од нас да дојдат и присуствуваат на Собранието.
Воедно Ве информираме дека обновувањето на членството за 2016 година ќе можете да го направите со уплата на 300 денари на жиро-сметката на ЗДМГПС бр. 300000002410389 Комерцијална Банка А.Д. Скопје или лично на денот на Собранието.
Се надеваме дека повторно ќе бидеме во голем број.
Пријателски поздрав
Извршен одбор на ЗДМГПС