Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Предавање и дискусија на тема: „Границите на Европа“, Гете и Ниче како вистински „европејци“

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со задоволство би сакале да Ви најавиме дека на 09.10.2015 (петок)  во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а во соработка со Универзитетот Бохум ќе се одржи предавање и дискусија со Кевин Лиџери, докторанд на Универзитетот Бохум на тема:„ГраницитенаЕвропа“, ГетеиНичекаковистински„европејци“

Почеток: 18:30 часотесто: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

 kevin3 web

Предавањето ќе биде на германски јазик, дискусијата со можност и на англиски.

Повеќе

Печати

Поетско читање со Михаел Кругер

mihail_kruger.jpg

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со големо задоволство би сакале да Ви најавиме дека на 06.06.2015 (сабота) во организација на „Блесок“ и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а со поддршка од Гете Институтот ќе се одржи поетско читање и разговор со германскиот автор Михаел Кругер.


Почеток: 20 часот
Место: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

Михаел Кругер ќе одржи промоција на поетската книга После природата/Nach der Natur која во Македонија излезе во 2012 година во издание на „Блесок“ со превод на германски на Елизабета Линднер.

 

Печати

Поетско читање со Јурген Нендѕа

juergen-nendza-presse001-300.jpg

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со голема чест би сакале да Ви најавиме дека на 23.05.2015 (сабота) во организација на „Блесок“ и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а со поддршка од Гете Институтот ќе се одржи поетско читање и разговор со германскиот автор Јурген Ненѕа.

Почеток: 20 часот
Место: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

Јурген Ненѕа ќе одржи промоција на тројазичната поетска книга Во некои денови/An manchen Tagen/On some days која во Македонија излезе во 2014 година во издание на „Блесок“ со превод на германски на Елизабета Линднер

Број на гледања на артикли
84084

Имаме присутни 88 гости и нема членови