ФИЛМСКА РАБОТИЛНИЦА „ВО ФИЛМСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА НА ПРИРОДАТА“

Во периодот од 11.09.2023 до 19.09.2023 во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка а поддржано од Гете Институт Скопје се оддржа филмска работилница „Во филмската лабораторија на природата“ под менторство на режисерот Борјан Зафировски

Станува збор за едукативно-уметнички проект и имаше за цел да го подигне нивото на јавна свест за еколошките прашања во урбаната средина на градот Скопје и да се поддржи проактивниот однос на поединецот кон општествените промени денес.

Проектот е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците имаа можност да го искусат креативниот процес, да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. На овој начин учесниците имаа прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси.

Добредојдовте на веб страницата на ЗДМГПС

Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

Актуелни Настани

ОНЛАЈН-ПРЕДАВАЊЕ: „Е-КНИГИ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ. АKТУЕЛНИ ПРОБЛЕМИ СО ДИГИТАЛНОТО ЗАЈМУВАЊЕ – ИСКУСТВА ОД ГЕРМАНИЈА“

Во едно современо општество, библиотеките се воспитно-образовни центри за младата популација, но пред сѐ и над сѐ нивна задача е евидентирање, чување и заштита на

Прочитај повеќе ... »

ФИЛМСКА РАБОТИЛНИЦА „ВО ФИЛМСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА НА ПРИРОДАТА“

Во периодот од 11.09.2023 до 19.09.2023 во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка а поддржано од Гете Институт Скопје се оддржа филмска работилница „Во филмската лабораторија

Прочитај повеќе ... »

Претходни Настани

Корисни Линкови