Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Литературно читање и разговор со писателот Бенјамин Штајн

Benjamin-Stein-Die-LeinwandВо петок, 5-ти април 2013 година во 20:00 часот во ГЕМ клубот (Стара чаршија) ќе се одржи литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн, кои се воедно и промоција на македонското издание на романот „Платно“. Настанот е организиран од Друштвото за македонско - германско пријателство, издавачката куќа Блесок и преведувачката Елизабета Линднер, а поддржан е од Гете Институтот во Скопје и литературната мрежа ТРАДУКИ.

Бенјамин Штајн е роден 1970 година во Источен Берлин под друго име. Од 1982 година објавува поезија и куса проза. Од 1995 година работи како новинар, кореспондент и советник за информатичка технологија. Од 2006 до 2008 е коиздавач на литературното списание spa_'tien', а од 2008 година сопственик на издавачката куќа Edition Neue Moderne. Редовно пишува на својот литературен веб-блог Turmsegler. Бенјамин Штајн живее и работи во Минхен. До сега ги објавил следните дела: „Азбуката наЈуда Лива“ (роман, 1995), „Поинакво сино“ (проза за седум гласови, роман, 2008), „Платно“ (роман во две приказни, C.H. Beck, 2010) , „Replay“ (роман, C.H. Beck, 2012).

Печати

Денови на македонската музика 2013

hhh

Традиционалната соработка меѓу Друштвото за македонско - германско пријателство и соработка, Гете институтот Скопје и Сојузот на композиторите на Македонија продолжува и оваа година со промоцијата и размената на културните вредности на Германија и Македонија  со интересен проект во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2013“. 

Пет члена на Минхенскиот камерен оркестар, водачи на оркестарските групи во овој оркестар, од 3-ти до 6-ти април ќе станат дел од Камерниот оркестар на Македонската филхармонија за да исполнат програма од македонски и германски композитори, да разменат искуства со своите македонски колеги, да соработуваат и да учат едни од други како што тоа големите музичари секогаш го прават. 

На концертот што ќе се одржи на 6-ти април (сабота) 2013 година во Музејот на македонската борба за државност и самостојнот, со почеток во 20:00 часот, ќе бидат изведени дела од македонските композитори Фатос Лумани, Панде Шахов, Стојан Стојков и Тома Прошев и германските Николаус Брас (Nikolaus Brass) и Јерг Видман (Joerg Widmann). 
 
Влезот на концертот е слободен.
Печати

Промоција на Германско - македонска книга на културни настани во 2009 година

 

UntitledНа 25-ти ноември 2010 во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа промоцијата на „Германско – македонската книга на културни настани во 2009 година“, која е во издание на здружението Друштвото за македонско – германско пријателство и соработка со поддршка на Гете – Институт Канцеларија за врски во Скопје. Оваа публикација претставува пресек на најзначајните културни настани во Република Македонија на кои уметниците од сите области на културата од СР Германија се презентираат пред македонската публика.

Број на гледања на артикли
84084

Имаме присутни 91 гости и нема членови