Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Mapping the City

Од 21-ви до 25 ноември во рамките на фестивалот Skopje Design Week се оддржа работилница Mapping the City. A visual approach to Skopje, која ја водеа дизајнерите Andrews/Degen. Работилницата се оддржа во просториите на Европскиот Универзитет, а презентацијата на крајниот производ беше во Јавна Соба.

Печати

Mapping the City- A visual approach to Skopje

ЗДМГПС ви ја најавува работилницата за графички дизајн Mapping the City. 

Двоецот дизајнери Andrews/Degen оваа година во рамки на фестивалот Skopje Design Week 2016 го стави Скопје на мапата на својата позната работилница Mapping the City, овој пат насловувајќи ја "A visual approach to Skopje".

Време: понеделник, 21. – петок 25 ноември 2016 секој ден: 10:30-14:30

Место: Факултет за Арт и Дизајн при ЕУРМ Претставување на краен продукт во „Јавна Соба“ - 25. ноември во 17

Сите заинтересирани со или без искуство во графички дизајн може да се пријават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 11 ноември 2016. 

Повеќе за работилницата и авторите може да прочитате тука

Печати

12 Фестивал на новиот германски филм

По 12ти пат во Скопје ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм организиран од страна на Амбасадата на СР Германија во Македонија. Освен во Скопје, филмовите ќе бидат прикажани и во Куманово, Прилеп. Битола, Охрид, Велес, Кавадрци, Тетово, Струмица и Штип.

Ова е одлична можност љубителите на европската кинематографија да погледнат 10тина нови германски филмови. Целосната програма на фестивалот може да ја видите тука

Број на гледања на артикли
84088

Имаме присутни 102 гости и нема членови