Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

АВЕНТУР на Денови на македонската музика 2015

ЗДМГПС со задоволство Ви најавува

дека во рамки на „Деновите на македонска музика“ 2015, како резултат на долгогодишната соработка меѓу Канцеларијата за врски на Гете институтот во Скопје, Здружението-друштво за македонско-германско пријателство и соработка - Скопје и Сојузот на композиторите на Македонија ќе гостуваат тројца членови на реномираниот ансамбл за современа музика AVENTURE од Фрајбург, Германија.

Датум и време: 03.4.2015, 20:00 часот
Место: Музеј на Град Скопје 
Влез: слободен 

Обоистот Александер От (Alexander Ott), кларинетистот Валтер Ифрим (Walter Ifrim) и фаготистот Волфганг Рудигер (Wolfgang Ruediger) ќе настапат двапати во текот на фестивалот. Најпрвин, на 3 април ќе се приклучат на ансамблот за современа музика на СОКОМ, ConTempora, во изведбата на неколку дела од програмата составена дела од македонските композитори Дарија Андовска, Јана Андреевска, Михаило Трандафиловски, Ана Пандевска, Кокан Димушевски, Гоце Коларовски, Валентина Велковска-Трајановска.

На 4 април тие како трио ќе одржат концерт со програма составена од дела на македонски (Симона Симуноска, Вања Николовски-Гјумар, Томислав Зографски) и светски композитори (Габриел Маланциоиу, Макс Е. Келер, Михаел Куел).
Во рамки на нивниот престој тие ќе одржат и работилници со студентите на Факултетот за музичка уметност - Скопје.

Триото Авентур е дувачко трио на еден од најстарите и најзначајните ансамбли за нова музика во Европа, ансамблот Aventure (Авентур), основан во 1986 год. Со својата редица реномирани концерти во Фрајбург, интензивните контакти со композитори од цел свет, бројните нарачки за композиции, стотиците премиери, меѓународните настапи на концерти, околу 20 ЦД-а и големиот број публикации за посредување на нова музика, ансамблот остварува значаен придонес кон музичките достигнувања на денешницата и нивното приближување кон широката публика.

Александар От се вбројува меѓу водечките обоисти во Германија и Европа. Тој е соло обоист во Симфонискиот оркестар на SWR во Баден-Баден и Фрајбург и од 2006 година е член на ансамблот Авентур со кој има учествувано на бројни концерти и турнеи во Германија и надвор, како и во бројни радиотелевизиски и ЦД снимки. Тој е и поранешен основач на ансамблот Модерн, како и музичар кому значајни композитори му ги посветуваат свои дела, меѓу кои на пример Волфганг Рим.

Кларинетистот Валтер Ифрим е роден во Романија и студирал на Факултетот за музичка уметност во Букурешт. По студиите бил соло кларинет во Синфонискиот оркестар Константа, како и во Државната опера во Темишвар. Од 1983 година живее во Германија и е еден од основачите на ансамблот Авентур, со кој настапувал на реномирани фестивали и концерти, во Германија и во странство. Бројни ЦД-а и радиски снимки ја документираат неговата богата музичка дејност како солист и камерен музичар од областа на класично- романтичната и најновата авангардна музика.

Волфганг Ридигер, основачки член и уметнички раководител на ансамблот Авентур; е фаготист со интернационална концертна дејност, радиски и ЦД продукции, признанија и награди. Во периодот 1998-2001 е професор на Факултетот за уметности во Бремен, од 2001 на факултетот Роберт Шуман во Диселдорф. Тој е и постојан соработник во списанието Üben & Musizieren, од 2013 е член на управниот одбор во Институтот за нова музика и музичко воспитување во Дармштадт. Објавил бројни есеи и книжевни публикации за музичкиот здив, тело и ансамблов настап, како и за новата музика и музичкото посредување.

Печати

Стипендистката на ЗДМГПС Теодора Гелева зборува за нејзиното искуство и стекнато знаење од курсот по германски јазик

1. Почитуван слушател. Веќе три месеци активно земаш учество на курсот по германски јазик кој е кофинансиран од Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка Скопје. До која мера курсот досега ги исполни твоите очекувања? Имаш ли било какви забелешки во врска со наставата и организацијата?


prasalnikОрганизацијата е одлична. Тимот кој завзема активно учество на овој курс е навистина динамичен и целосно подготвен за соработка. Тука голема заслуга можам да и препишам на професорката, која е секој момент подготвена да даде комплетно издржан одговор на прашањата кои и ги поставуваме и за кои покажуваме интерес. Само позитивна критика за целосната атмосфера и средина на функционирање. Повеќе

 

 

Број на гледања на артикли
84084

Имаме присутни 86 гости и нема членови