Добредојдовте на веб-страната на ЗДМГПС-Скопје

registracijaДруштвото за македонско-германско пријателство и соработка е невладина и граѓанска организација која со својата работа ја поддржува македонско-германската културна, академска и научна соработка. Друштвото е формирано во 1994 година, а негови членови се голем број на угледни германисти, лекари, професори и стопанственици кои развиваат интензивна соработка со партнерски организации и инстутуции од СР Германија.

Во рамките на својата работа друштвото има активна и постојана соработка со претставништва на германски организации во Р. Македонија, а пред се со Амбасадата на СР Германија и Канцеларијата за врски на Гете-Институтот во Скопје.

 

Печати

Годишно Собрание 2019

ЗДМГПС на 18.04.2019 (четврток) со почеток во 17:00 часот во просториите на ЕУ-Инфо Центар ќе го одржи своето ГОДИШНО СОБРАНИЕ.

Поканети се сите членови, како и секој кој има интерес за активностите на друштвото. Со оглед на тоа што ова Собрание е изборно присуството особено важно.

Обновувањето на членството за 2019 година ќе можете да го направите со уплата на 300 денари на жиро-сметката на ЗДМГПС   бр. 300000002410389 Комерцијална Банка А.Д. Скопје или лично на денот на Собранието.

Печати

Покана за предавање со Бенјамин Лангер и работилница за превод

Почитувани членови, соработници и пријатели на Друштвото за македонско-германски пријателство и соработка,

На покана на ЗДМГПС и на Гете-Институт, а на наша голема радост следната недела во Македонија ќе гостува Бенјамин Лангер, преведувач на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, кој ќе одржи предавање и работилница.

Предавање за искуствата и предизвиците при преведувањето на романот Пиреј од македонски на германски јазик

Број на гледања на артикли
147188

Имаме присутни 433 гости и нема членови