Печати

Два концерти на Фрајбуршкиот ансамбл за удирачки инструменти

6 и 7.април 2014, 20 часот

Сала Империјал, МОБ, Скопје

Деновите на македонската музика, кои оваа година ќе го имаат своето 37 издание секогаш одново ја изненадуваат публиката. Од една страна Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) благодарение на добрите меѓународни контакти и неговата стручна компетенција успева да донесе меѓународно реномирани ансамбли во Македонија, кои не се ограничуваат на изведба на своите постоечки репортоари. Долгите и интензивни подготовки и тесната соработка со локалните музичари и композитори придонесуваат ансамблите да ги интегрираат делата од современата македонска музика во својот репертоар и да ги презентираат низ светот. Контактите кои настанале за време на фестивалот често траат со години и помагаат да се развие меѓународна музичка мрежа. Освен тоа, фестивалот го отвора погледот на публиката за разноликоста на современата музика, бидејќи ги проширува границите на современата музика во разни правци, на пример во областа на џезот или електронската музика.

Оваа година Гете-институт и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, Скопје го поддржуват концертот на Фрајбуршкиот ансамбл за удирачки инструменти под водство на проф. Бернхард Вулф.
Фрајбуршкиот ансамбл веќе 40 години игра значајна улога во развивањето на новата музика преку редовната изведба на централни дела и бројните нарачки на композиции. Благодарение на неговиот квалитет и оригиналните програми Фрајбуршкиот ансамбл е добитник на многу награди и признанија и бил дел од бројни фестивали и концертни турнеи ширум светот.

Од ансамблот произлегле значајни солисти, други биле ангажирани во преку 30 оркестри и работат како професори на 14 музички академии низ светот. Фрајбуршкиот ансамбл за удирачки инструменти соработувал со композитори како Н.А. Хубер, Клаус Хубер, Кагел, Лахенман, Булез, Штокхаузен, Ноно, Ксенакис, Берио, Шпалингер итн...

Програма

06.04.2014, 20 ч. Сала Империјал, МОБ

МУЗИКА ЗА УДИРАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ И ЕЛЕКТРОНИКА
Диригент: Бернхард Вулф

Бернхард Вулф "LERCHE" за ансамбл за удирачки инструменти и електроника (1983)
Александар Пејовски ХЕТЕРОЗУРЛИЈА ЛСД - АСТРАЛНО ПАТУВАЊЕ НА РАЈХ НИЗ МИЈАЧКИТЕ ПРЕДЕЛИ (2013) за маримба и лента
Марк Аплбаум APHASIA за соло пантомима и електроника (2010)
Андреј Королиов RESIST MIX (2013) за тапани и фиксни медиуми
Дарија Андовска BOOK OF THE DEVIL VALLEY MASTER (2013) за соло перкусии и лента
Ахим Борнхефт INFRAROT IMPOSSIBLE за квартет удиралки и електронски звуци (1999)
07.04.2014, 20 ч. Сала Империјал, МОБ

КОНЦЕРТ НА ФРАЈБУРШКИОТ АНСАМБЛ ЗА УДИРАЧКИ ИНСТРУМЕНТИ
Диригент: Бернхард Вулф

Н. А. Хубер "CLASH MUSIC" (1988)
Мирослав Спасов PERCUSSION CONCERTO (1999) за 5 перкусии
Јанис Ксенакис "Rebonds" (Quintet-version)
Винко Глобокар Corporel
Панде Шахов KNOTT (Jazol) за 3 перкусии (2014)
Емануел Сежурне “Vous avez du feu?” за 4 перкусии
Мајкл Бакрнчев АЈДЕ за 6 перкусии
Стив Рајх "Drumming, part 1" квартет

Печати

Покана за филмски фестивал

Драги пријатели, драги љубители на филмот,
 
Пристигна есента, а со неа и времето за новото деветто издание на Фестивалот на новиот германски филм во Македонија. Свеченото отворање на Фестивалот во Скопје ќе се одржи на 10.10.2013 во 20.00 часот во киното „Милениум“, а од 11.10. до 16.10.2013 година проекциите ќе продолжат во киното „Фросина” во МКЦ.
 
Ден по отворањето, на 11.10.2013, Фестивалот ја започнува турнејата низ Македонија. Првата станица e Тетово, на 14 октомври новиот деветти град Куманово. Следат Прилеп, Битола, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес.
 
Во прилог ќе ја најдете нашата брошура со детални податоци за сите проекции во секој град.  
Информации: www.skopje.diplo.de <http://www.skopje.diplo.de/> или www.fngf.mk или на Facebook.
 
Се радуваме на Вашата посета и се надеваме дека ќе уживате во најновите германски филмови кои со љубов ги одбравме за Вас.
 
slika makger
 
Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 34 гости и нема членови