Печати

Поетско читање со Јурген Нендѕа

juergen-nendza-presse001-300.jpg

Почитувани членови и пријатели на ЗДМГПС,

со голема чест би сакале да Ви најавиме дека на 23.05.2015 (сабота) во организација на „Блесок“ и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, а со поддршка од Гете Институтот ќе се одржи поетско читање и разговор со германскиот автор Јурген Ненѕа.

Почеток: 20 часот
Место: Кафе-книжарница Децата од нашата улица

Јурген Ненѕа ќе одржи промоција на тројазичната поетска книга Во некои денови/An manchen Tagen/On some days која во Македонија излезе во 2014 година во издание на „Блесок“ со превод на германски на Елизабета Линднер

Печати

ЛИТЕРАТУРА

16.01.2013 – Вечера за ДААД алумнистите во резиденцијата
 
Новата година започна со прием во резиденцијата на Германската амбасада. Амбасадорот Штајнакер ги покани на прием поранешните стипендисти од различни програми и институции. Поканата ја прифатија повеќе од 60 алумни на Германската служба за академска размена (ДААД), на Комитетот за источноевропски економски односи на германското стопанство како и на Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС). Друштвената вечер им овозможи на младите луѓе размена на искуства. Старите пријателства беа обновени, а се воспоставија и нови контакти во големата мрежа на алумнисти на германскиот образовен систем.
Печати

Средба на членови - Stammtisch во среда 16.04.2014

Почитувани членови и пријатели,

Задоволство ни е да Ве поканиме на предвелигденска средба на членовите на ЗДМГПС во среда на 16.04.2014

Времето и локацијата ќе останат исти како на нашите Stammtisch средби: локал Плаза дел Торос (кеј на Вардар) со почеток во 20:00 часот.

Со оглед на тоа што претходниот месец немавме можност да организираме Stammtisch, ова ќе биде прилика да се видиме и да продискутираме за активностите на Друштвото, а воедно и да се подружиме.

Се радуваме на Вашето присуство

Пријателски поздрав

Извршен одбор на ЗДМГПС

 

Број на гледања на артикли
84079

Имаме присутни 64 гости и нема членови