Печати

Независниот театар во Македонија и во регионот

titoПлатформа за меѓусебна размена и можност за формирање здружение на независните театри

Во рамките на фестивалот „Млад отворен театар“ на 25-ти септември 2012 година во Скопје се одржа дебата за независниот театар  во Македонија и во регионот, која имаше за цел да ги собере на едно место актерите на независната театарска сцена од овие простори и да  овозможи простор за меѓусебна размена. На дебатата присуствуваа претставници на независните театри од Македонија, Косово, Бугарија и  Босна и Херцеговина. Освен кратките претставувања на овие сцени, свое предавање имаше и Александер Опиц, претседател на Здружението на независни  театари на покраината Баден Виртемберг и член на претседателството на Здружението на независни театри на Сојузна Република Германија. По неговото  предавање следеше работилница со присутните со цел да се разгледаат можностите за основање вакво здружение и во Македонија, но и регионално. 

Дебатата беше дел од проектот „Tito was not here. Performing Yugoslavia in the 21th century”, кој имаше за цел да ги поддржи перформативните  уметности на Балканот и да ги поттикне истите кон здружување. Првиот дел на проектот се одвиваше во Бања Лука каде што текстовите на младите писатели од поранешните југословенски држави кои победија на распишаниот конкурс, беа поставени на сцена од страна мешани уметнички тимови од поранешните југословенски земји. Покрај изведбите на текстовите имаше разговори со публиката и панел-дискусии.

Проектот го организираа менаџерките на култура од програмата на фондацијата Роберт Бош Ксенија Чочкова, Ивана Васева,  Нита Хасани, Јулиане Ран и Елизабет Деста заедно со организациите Центар за Драмски Уметности Т-Хаус (Скопје), здружението Друштво за македонско-германско пријателство и соработка (Скопје), Центар Мултимедија (Приштина) Невид Театар (Бања Лука), а со поддршка на Канцеларијата за  врски на Гете Институт во Скопје и Фондацијата Роберт Бош.

Печати

Конференција: Како да се уредат нештата со околностите?

konferencijaКонференцијата за изведувачки уметности, мобилност, излевање и прекугранична соработка на сцените во поранешните југословенски републики со наслов  Како да се уредат нештата со околностите? се одржа на 16-ти јуни 2012 година во Младинскиот културен центар во Скопје, во организација на Г.О. Локомотива и здружението  Друштво за македонско-германско пријателство и соработка.

Конференцијата беше дел од проектот кој се занимава со анализирање на проблемите и условите на сцената на изведувачките уметности во  две поранешни југословенски републики (Србија и Македонија). Целта е да се анализираат социо-политичката состојба, условите и потребите во полето на современите изведувачки умености во Македонија како и културната  политика која во моментов е ориентирана кон ад хок решенија, конзервативно и конвенционално толкување, формулирање и градење на изведувачките уметности, на театарот и танцот. Исто така, целта е да се отворат прашањата околу транспарентноста во донесување на одлуки и градење на културна политика, која  треба да се гради заедно со сите актери од секторот, а не со одредени субјекти и несистематски.

Печати

Градба со сламени бали

baliОд 15-ти до 16-ти мај 2012 година на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа предавање, работилница, изложба,  проекција на документарен филм и отворен разговор на темата Градба со сламени бали. Градбата со сламени бали,  како градежна техника и пристап својствен за одржливата архитектура, со текот на времето се распространува низ  целиот свет, поради достапноста, исплатливоста, обновливоста, исклучителната термоизолациска вредност и ред други  полезни својства на материјалот.

Сиси Хајн беше носителка на настанот, како претставничка на германската асоцијација за ФАСБА. Таа е експерт за методите  и техниките на градба со сламени бали, како еден од аспектите на одржливата архитектура. Сиси Хајн одржа предавање,  работилница, и учествуваше во отворениот разговор на темата Градба со сламени бали. Настанот беше организиран од Г.О. Зелената арка Скопје  во соработка со Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка Скопје, со пријателска поддршка од Гете-институт  Канцеларија за врски Скопје и Архитектонскиот факултет Скопје.

Број на гледања на артикли
84070

Имаме присутни 36 гости и нема членови